Сè по список

01.08.2017 05:15
Сè по список

Чекајќи да биде објавен текстот на договорот за добрососедство со Бугарија, професорот Денко Малески се прашал: „Каде се силните центри за стратешки истражувања на МАНУ, на универзитетите и на институтите во Македонија да го кажат своето мислење за новата геополитика што се создава околу Македонија? Зошто ги нема?“ Па, еве ги, „исправени пред конечната разрешница на македонското прашање, која може да биде со катастрофални последици за Република Македонија и македонскиот народ“, се јавија со писмо-обраќање потпишано од 26 историчари – меѓу кои се Виолета Ачкоска, Тодор Чепреганов, Никола Жежов, Михајло Миновски, Александар Стојчев и Новица Велјановски – и „како интелектуалци“, повикаа „власта и опозицијата во Република Македонија да постигнат единство околу македонските државни и национални интереси и да пристапат кон изготвување македонска државна стратегија, во која јасно ќе бидат дефинирани столбовите на македонската државност за кои ќе нема никакви преговори…“

Веројатно Малески сега ќе се сети на онаа славна реплика од „Тетовирање“ на Столе Попов: Што сум кревал рака!? Потписниците бараат, ама не како историчари и професори, туку „како интелектуалци“ (!?) политичарите да им кажат кои се македонските интереси, да изготват стратегија, да ги дефинираат столбовите на државноста… Штом ќе им бидат познати политичките ставови, потоа лесно ќе ги усогласат историските докази и факти. А уште полесно ќе ги поистоветат македонските со личните интереси. Затоа писмото е само уште еден документ до каде може да оди – и какви штети може да прави во националните интереси – полтронството и бедата на „интелектуалците“, особено на овие кои се сега ничкосани пред „конечната разрешница“ на нивните политички ментори обвинети за тежок криминал.

Извор: Слободен печат
Слика: ШкАрт

ОкоБоли главаВицФото