Рапорт од Софија: Метропола прекрасна

01.08.2017 12:08
Рапорт од Софија: Метропола прекрасна

Од 10 таксисти кои нè возеа во Софија во текот на 24 часа, ниту еден немаше појма за договорот со Македонија, ете колку сме им ние битни на Бугарите!!!

ЗНАЧИ - ГИ БОЛИ ТАСЕ!!!

Една келнерка, кога ѝ кажавме дека сме Македонци, ни рече - А КАКО Е ВО БЕЛГРАД?!

Значи, они не ни знаат каде е Македонија и што се тоа Македонци, сè што е север од граница за нив е ЈУГОСЛАВИЈА БРАТЕ МИЛИ!!!

Значи, си живеат живот европски, си шетаат пудлици и булдози, во текот на еден ден видовме едно 10.000 кучиња, што на плоштад, што по парковите, што на главната улица Витоша... Во Скопје за цела година не сум видел толку пудлици и булдози колку што видов за еден ден во Софија, што значи дека браќата Бугари добро се опариле, за да чуваш такво куче ти требаат по 500 денари дневно за храна, време, ветеринари, разни играчки, огрлици и триста курци и палци...

Улици, паркови, згради, све најново, имаат чичка ново метро со мармер кој сија, мислам дека е направено сега, во последниве 5-6 години, имаат најнови тролејбуси плаво-жути, тазе распаковани, народот дотеран, среден, кафичите светски, цените доста пристапни, крцаат со народ, значи си живеат они убав живот, нови трговски центри во амерички стил со надворешна илуминација и стакло, а не како кај нас што се, како кутии пластични безлични тие малку што ги имаме...

Град мегаломански богат, метропола прекрасна која може да се носи и со Лондон и со Њујорк. Поентата ми е дека не сме им ние потребни на Бугарите, им чуе нив за нас, туку ние имаме потреба од нив за да се закачиме на нивниот воз кој шиба кон цивилизацијата, а ние испаднавме во 19-ти век!

Извор: Мактел

ОкоБоли главаВицФото