Празникот е добар, историјата е катастрофа!

03.08.2017 09:45
Празникот е добар, историјата е катастрофа!

Немам ништо против да продолжиме со приказната за Илинденското востание ваква каква што ја знаеме, но, еве и во овие свечени моменти, си земам за право да кажам дека со самоубиствената патетика во народниот дух што се излеа на почетокот на минатиот век и која со низа трансформации го следи Македонецот и му го обликува карактерот и културата и денес, со инфантилната подготовка, несреќниот тајминг и сјајните и непогрешливи чекори кон неуспехот на таканареченото востание, со грандиозните ефекти на поразот, од кои ќе го издвојам драматичното декапацитирање по сите основи: демографско, социјално, структурно, економско, психолошко, во предвечерјето на распадот на Австроунгарската и Отоманската империја, значи во времето кога пред одржавотворувањето можеле да се отворат сјајни перспективи дури и врз основите на скромните знаци на национална свест, ако, значи, тоа, како што учиме и знаеме била идејата, епопејата е без преседан според штетите во однос на историските перспективи. ВМРО, Илинденското востание и Крушевската република драматично ја утнуваат историската траса, како што сто и три години подоцна истата свест и култура ќе ја згромат перспективата што се беше отворила како резултат на Втората светска војна и НОБ и поразот на Југославија.

Како резултат на настаните и процесите што ги славиме, Македонија не можеше да се субјективизира во клучните и изгледни историски моменти, си остана територија и мрачен предмет на желбите на околните народи и држави! Се одржавотвори доцна, се разбира, не без врска со митот за Илинден, но релативно бргу, преку проектот на чипираните идиоти на ВМРО-ДПМНЕ, се стави во искушение да се раздржави.

Тоа е!

Друга работа се фолклорот и митот и празникот.

И пивото, се разбира.

Тоа ви го честитам денеска, а не славната историја.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото