Киднапери на изгубеното Косово

23.07.2010 10:47
Киднапери на изгубеното Косово

Меѓународниот суд на правдата во советодавното мислење за законитоста на прогласената независност на Косово изнесе став дека тој чин не е спротивен на општите норми на меѓународното право, Резолуцијата 1244, како и привремената уставна рамка воспоставена на таа територија.

Откако претседателот на судот Хисаши Овада соопшти дека тоа тело се прогласи за надлежно да одговори на барањето на Генералното собрание на ОН, нагласи дека целта на разгледувањето на судот не е оценување на валидноста и правните ефекти од признавањето на еднострано прогласената државност на Косово, ниту да оценува дали прогласувањето на независноста довело до создавање на држава или не.

Во одговорот на конкретното прашање кое Генералното собрание го постави – дали еднострано прогласената независнот на Косово била во склад со меѓународното право, судот тој чин го разгледал во поширок контекст на настаните кои му претходеле, како и во светло на постоењето посебни правни акти на Советот за безбедност на ОН кои се донесени со намера да ја поправат тешката хуманитарна ситуација која постоела во 1999 г. Судот, после сеопфатното разгледување на сите аспекти на проблемот, преку гласање во сооднос 10:4, дошол до заклучокот дека со чинот на еднострано прогласената независност не е прекршено ниедно општо правило на меѓународното право.

Судот потоа разгледувал дали со еднострано прогласената независност се нарушени правилата на посебните акти, односно Резолуцијата 1244 и привремените уставни рамки на Косово. По повод таа прилика, судот објасни дека предметот и целта на носење на Резолуцијата 1244 биле воспоставување вонреден и привремен правен режим кој е посилен од српскиот правен поредок поради нормализација на состојбите во таа територија.

Бидејќи прашањето за статусот во Резолуцијата останало отворено, Судот дошол до заклучокот дека со оглед на тоа дека Советот за безбедност не навел посебни одредби по прашањето утврдување на идниот статус, тоа недвосмислено значи дека тоа тело на ОН немало намера посебно да се занимава со регулирање на тоа прашање, туку дека истото било свесно препуштено на идните преговори меѓу заинтересираните страни. Бидејќи не постојат експлицитни одредби по прашањето за начинот на регулирање на идниот статус, Судот смета дека прогласувањето на независноста не е во спротивност со Резолуцијата 1244, ниту со привремената уставна рамка која ОН ја воспоставија на таа територија.

Судијата Овада наведе дека специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН имал овластување да реагира и го поништи чинот на прогласување на независноста, што не го сторил, од што може да се заклучи дека тој чин не го сметал за спротивен на важечките правила на светската организаицја на Косово.

Извор: e-novine

Слични содржини

Општество / Балкан
Општество / Јавни Простори
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото