13 нешта кои не сте ги знаеле за интернетот

23.07.2010 12:28
13 нешта кои не сте ги знаеле за интернетот

Сите знаеме дека интернетот е голем. Но дали знаевте дека е толку голем што фактички е невозможно да се измери?

1. Се проценува дека интернетот има околу 5 милиони терабајти податоци. За споредба, тоа се 5 милијарди гигабајти или 5 трилиони мегабајти. Човечкиот мозок може да издржи меѓу 1 и 10 терабајти податоци, а ако се земе некој просек од 5 терабајти по човек, би биле потребни еден милион човечки мозоци за да се сместат сите податоци од интернетот.

2. Континентите со најголем процент интернет популација се следниве: Северна Америка - 76,2%; Австралија и Океанија - 60,8%; Европа - 50,3%; Латинска Америка и Карибите - 31,9%; Средниот Исток - 28,8%; Азија - 20,1%; Африка - 8,7%. Светскиот просек изнесува 26,6%.

3. Секојдневно се испраќаат 247 милијарди мејлови. Од нив околу 81% се спам (околу 200 милијарди). Годишно се испраќа околу 90 трилиони е-пошта.

4. Повеќето луѓе речиси исто време трошат и на интернет и на телевизија.

5. Во просек, неделно се трошат 3,5 часа во комуникација преку е-пошта со пријателите, 2 часа на ЈуТјуб и комуникација преку chat rooms, 2 часа во гледање порнографија, 1,5 часа на интернет страниците за семејно планирање или за бременост, 1 час на страниците за пластична и козметичка хирургија, 35 минути на страниците за диети или други начини на намалување на телесната тежина.

6. Постојат 234 милиони интернет страници и 126 милиони блогови.

7. Најблогерски земји се САД (со 29,22% вкупно учество во блогирањето во светот); В. Британија (6,75%); Јапонија (4,88%); Бразил (4,19%) и Канада (3,93%). 49% од блогерите се припадници на машкиот род, а 51% на женскиот.

8. Секоја секунда 28 258 интернет корисници гледаат порнографија.

9. Луѓето најмногу го користат интернетот на мобилните телефони за претплатнички услуги (34%), забава (16%), финансии и банкарски работи (13%), информации (10%), купување и игри (5%).

10. Твитер има 105 милиони регистрирани корисници. Фејсбук има над 400 милиони активни корисници.

11. Фејсбук, исто така, има 6 милиони прегледувања на страниците во една минута; годишно, таа бројка изнесува 37,4 трилиони. 2,5 милијарди слики се закачуваат на Фејсбук секој месец.

12. 20 часа видеоматеријали се закачуваат на ЈуТјуб секоја минута.

13. Секојдневно се испраќаат 50 милиони твитови. Тоа се 600 твитови во една секунда.

ОкоБоли главаВицФото