Ало, ВМРО, ова е крај, бај, бај!

04.08.2017 10:02
Ало, ВМРО, ова е крај, бај, бај!

Го поздравувам Договорот со Бугарија како сериозен знак дека општествата, државите, односите и, конечно, луѓето на Балканите, можат да ги достигнат стандардите на елементарната нормалност. Односно како основа врз која можат да се градат мирот, стабилноста, разбраноста, љубовта, зошто да не и европските перспективи, посебно на Македонија.

Но, тука сакам да обрнам внимание на еден посебен аспект:
Ако Договорот со Бугарија има амбиции да ја објективизира историјата тоа ќе значи крај и за ВМРО-ДПМНЕ и за историското ВМРО какво што го знаеме од нашите читанки, фолклорни напеви и бабини приказни. Тоа објективизирање истовремено ќе претставува крај на илинденскиот циклус таков каков што го имаме напикано во нашата национална митологија.

Но, внимавајте, тие процеси се екстремно промакедонски опции, тие не се антимакедонски чинови какви што ги претставуваат кретените од непријателската инсталација која во еден неверојатен сплет на историски околности, издржа да ја води у курац ова земја цели единаесет години.
Тие не се бунат против Договорот како договор, туку против реалните закани дека и историски и актуелно ќе бидат демаскирани како спротивност на жежовистичките, ачковистичките, владопоповистичките и другите инструментални и функционални фикции кои го фиксираа Македонецот со кесе пуканки и шише пиво пред малите екрани, додека бандата на чипираните идиоти оперираше по нивната куќа оставајки го Македонецот со далечинското в раце!

Слика: Свирачиња