Ликовната уметност на Силвија Плат

04.08.2017 10:17
Ликовната уметност на Силвија Плат

Силвија Плат е позната како една од најголемите поетеси XX век. Но, како тинејџерка, таа воопшто не сакала да биде поетеса или писателка. Плат се запишала на Смит колеџот со намера да студира уметност, но се префрлила на студии по англиски јазик под влијание на двајца професори кои го препознале нејзиниот талент книжевност.

Иако за време на нејзиниот живот никогаш не била признаена како ликовен уметник, Плат никогаш не престанала да создава уметност. Наскоро, во Националната галерија Смитсониан ќе биде организирана ретроспективна изложба на делата на Силвија Плат.

Колаж, 1960

Изложбата со наслов „Еден живот: Силвија Плат“ ја истражува визуелната уметност на оваа поетеса преку писма, цртежи и автопортрети од различни периоди на нејзиниот живот. Куклите од хартија кои Плат ги правела во детството ќе бидат изложени заедно со колажите на кои го има ликот на Ајзенхауер, пин-ап девојки и воени авиони. Особено е инспиративен еден автопортрет на Плат под влијание на кубизмот, кој е направен непосредно пред таа да матурира.

Автопортрет во кој се препознава влијанието на кубизмот, 1950-1951

„Фасцинацијата на Силвија Плат од сликите и сликовноста е важен дел од нејзиниот идентитет“, вели Дороти Мос, кураторка во Галеријата Смитсониан. „Изложбата ни овозможува да го видиме она што таа го опишувала како нејзина ’визуелна имагинација’ во целата своја комплексност.“

Цртеж на Плат кој не е датиран

Она по што Плат копнеела во своето пишување е способноста да го опише тоа што го гледа на уникатен начин. „Она од што се плашам најмногу, барем така мислам, е смртта на имагинацијата. Кога небото е сосема розово, а покривите сосема црни“, пишува Плат на 24-годишна возраст.

Автопортрет, 26 февруари 1946

Освен уметничките дела, на изложбата ќе бидат прикажани и многу предмети и ситници од животот на Плат, меѓу кои и парче коса од нејзиното прво шишање и една од нејзините машини за пишување.

Автопортрет во полуапстрактен стил, 1946-1952

Отворањето на изложбата е предвидено на 20 мај 2018 година.

 

Извор: Creators

ОкоБоли главаВицФото