Фројд побарал помош од психијатар зашто бил опседнат со секс

04.08.2017 11:11
Фројд побарал помош од психијатар зашто бил опседнат со секс

1847 година

Младиот студент по медицина Сигмунд Фројд веќе некое време посетува психијатар, со чија помош се обидува да го реши својот проблем предизвикан од опседнатост со секс. Фројд ја донел оваа одлука по предлог на своите пријатели кои биле сведоци на неговата состојба и инсистирале да побара стручна помош.

„Во речиси секоја ситуација, Сигмунд наоѓа асоцијации врзани со сексот. На една пријателка која купуваше краставици еден час ѝ објаснуваше дека страда, зашто како жена, нема фалус. За мене тврди дека имам Едипов комплекс зашто ѝ помагам на мајка ми во фрлање на ѓубрето и извршување на домашните обврски. Со тек на време таквото однесување стана неподносливо, па моравме да го убедиме да побара помош од психијатар, кој ќе открие што точно му фали, и се надеваме, ќе му помогне да го надмине проблемот“, вели Јакоб Хицлшпергер, еден од пријателите на Фројд.

Самиот Фројд вели дека психијатарот многу му помага и сега многу подобро ги контролира своите нагони.

„Терапијата и разговорите кои ги водам со својот лекар сосема го променија мојот светоглед. Сега сфаќам дека мојата опседнатост со секс не е здрава и успешно се борам против неа“, ни рече Фројд во срдечниот разговор во кој покажа голем интерес за нашиот однос со мајката.

Неговиот психијатар вели дека е најважно тоа што Сигмунд навреме побарал помош, пред проблемот да ескалира, и дека по завршувањето на терапијата, моменталната опседнатост со секс нема да влијае на неговиот живот и кариера.

Извор: Извор: Njuz, Prava istorija sveta, Laguna, Beograd, 2016.