Колку здраво и еднакво живеат младите во Македонија

04.08.2017 12:55
Колку здраво и еднакво живеат младите

Меѓународна, колаборативна студија на СЗО, којашто повеќе од 30 години обезбедува информации за здравјето, добросостојбата, социјалната средина и здравствените навики и однесувања на децата од 44 земји во светот (Европа и Северна Америка). Овој национален извештај ги презентира наодите од 2014 година, добиени на репрезентативен примерок од 4.219 ученици, на три возрасти, од двете најголеми етнички заедници во Македонија, албанската и македонската, според наставниот јазик на учениците. Податоците се однесуваат на социјалниот контекст (семејството, училиштето, врсниците); актуелните исходи по здравјето (позитивното, менталното и емоционалното здравје, хроничните болести, односот кон своето тело, и телесните повреди); здравствените навики (исхраната, оралната хигиена, физичките и седечките активности) и ризичните однесувања (пушењето, пиењето алкохол, марихуана, сексуалното однесување, малтретирањето и насилствата во училиште и во семејството), релевантни за здравјето и за добросостојбата на младите.

Публикацијата, приредена од Лина Ќостарова-Унковска и Емилија Георгиевска-Наневска, можете да ја преземете на линкот подолу.

ПрилогГолемина
Преземи4.29 MB

ОкоБоли главаВицФото