Книжевна вечер

04.08.2017 19:15

Музо, да не бидеш боксер, значи да не постоиш.
Нè лиши од завивачката публика.
Во салата дванаесет лица,
време да започнеме.
Половината дошле, оти паѓа дожд,
останатото роднини. Музо.

Жените спремни за онесвестување таа есенска вечер,
ќе го направат тоа, но само на бокс-меч.
Дантеовските сцени само таму постојат.
И блаженството. Музо.

Да не се биде боксер туку поет,
значи да се биде осуден на тешки норвиди,*
во недостиг од мускулатура на светот да му ја покажуваш
идната школска лектира ‒ во најдобар случај ‒
о Музо. О Пегазу,
ангелу коњски.

Во првото ретче слатко сонува старче,
дека покојната жена од гроб му станала
и на старчето колач од сливи му испекла.
На тивок оган, колачот да не прегори,
го почнуваме читањето. Музо.

*Ципријан Камил Норвид (1821‒1883), полски поет романтичар, драмски писател и сликар. Живеел во емиграција. Целиот живот бил несфатен, иако бил голем новатор. (прев.)

Превод: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото