Уметникот Чинек интервенираше на фасада во Лондон – изгледа како да е поделена на два дела

05.08.2017 01:21
Уметникот Чинек интервенираше на фасада во Лондон – изгледа како да е поделена на два дела

Новото уметничко дело на јавен простор ја „искина“ фасадата на една зграда и сега изгледа како да се изградени два објекти. Делото беше презентирано оваа недела, а се наоѓа на улицата „Фулам Палас“ во Лондон. Автор е британскиот уметник Алекс Чинек, а делото е насловено „Six pins and half a dozen needles“. Го украсува објектот кој ќе има повеќе различни содржини во сопственост на Собранието на Лондон.

Делото на Чинек е негово прво трајно дело на јавен простор, се издига 20 метри над нивото на теренот, тежи десет тони и е направено од 4.000 тули и 1.000 компоненти од нерѓосувачки челик. Инсталацијата е нарачана од инвестициска компанија „AXA Investment Managers-Real Assets“.

„Иако употребуваме вистинска тула, инсталацијата е дизајнирана со материјал сличен на картон за скулптурата да добие сјај и разиграност", вели Чинек. Уметникот е познат по своите чудесни креации како „Од колената на мојот нос до стомакот на моите прсти" (2013), која претставува фасада на куќа што паѓа од зграда и се наоѓа во крајбрежното британско гратче Маргејт.

Минатата зима тој ја разбранува јавноста со неговата славеничка скулптура „Борба против оган со сладолед“ прикажана на екранот на Гранари плоштад во Лондон. Седум метри високата инсталација се состоеше од божиќна сместена во огромен блок смола, слична на огромно парче мраз.

Своето следно дело тој го опишува како „трага од четири скулптури со комбинирана висина од 163 метри кои ќе бидат изградени од 100.000 тули".

Инаку, Чинек е претседател на на Кралското британско друштво на скулптори.

Извор: The Art Newspaper

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Активизам / Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Балкан / Уметност
Јавни простори / Свет / Уметност

ОкоБоли главаВицФото