Во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид

06.08.2017 23:09
Во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид

Почитувани,

Денес, на 4 август 2017 година во 12 часот пред градилиштето на спорниот хотел во населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за скандалозната Медитеранска плажа, се одржа протестот „во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид”, на кој поголема група граѓани го искажаа својот револт против понатамошната урбанизација и девастација на
охридското крајбрежје.

Повод за овој мирен протест беше изградбата на спорниот хотел, но протестот беше насочен и против сите обиди за уништување на крајбрежјето, езерото и Националниот парк Галичица, кои најчесто се прават под превезот на развој и
унапредување на туризмот.

Специјално за протестот граѓаните имаа изработено ипровизирани перкусионистички инструменти на кои се создаваше силен ритам кој го привлекуваше вниманието на автомобилите, минувачите и капачите кои се придружуваа кон протестот. Учесниците во протестот симболично беа
намачкани со глина, а дел од транспарентите на протестот беа „Мораториум за градење на целото крајбрежје”, „2183, дедо ми кажа дека тука некогаш имало езеро”, „Смрт за хотелот, слобода за крајбрежјето”, „Какви хотели, какви
Бакрачи”, „Урбани мафијаши, да се реинкарнирате во лебеди” итн.

Преку овој протест, беше побарано неотповикливо поништување на дозволата за изградба на спорниот хотел и негово уривање, повлекување на плановите за Медитеранска плажа, напуштање на лудата идеја за хотелски ресорти во Градиште и Љубаништа и експресен пат на Галичица еднаш и засекогаш, прогласување на мораториум на градењето на објекти од цврста градба долж
крајбрежјето, до донесувањето на нова стратегија за одржлив развој.

Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид SOS

ОкоБоли главаВицФото