1021 hPa
36 %

24 °C
Скопје - Пон, 28.04.2025 16:59
Сликата е блиска:
облаците кога се ниско
дождот плиска,
само плиска.
Над село, над град,
над брод, над лаѓа,
дождот паѓа,
само паѓа.
Врз колиби и куќи,
ќерамида и ќепе,
дождот капе,
само капе.
Била трева,
било трска,
дождот прска,
само прска.
И врз китови,
октоподи, сипи,
дождот сипе,
само сипе.
Не може да се влијае,
не може да се крие
пред дождот што лие,
само лие.
В мигов сите раси,
и наши и ваши,
дождот ги кваси,
само кваси.
Приказнава штура
оди накај потоп, бура,
оти дождот истура,
просто истура.
Превод: П. В.
Драгомир Миша Ђорђевић (Земун, 11. март 1953 – Белград, 4. ноември 1999) беше едан од најдаровитите српски поети за деца.