Цртанка

08.08.2017 13:35

Дај ми две‒три чисти
хартии но исти

и молам молив еден
за цртежот да биде среден.

Дај ми прво жолта боја
да обојам парче проја

па со неа потоа ќе фатам
и Сонцето да го позлатам.

Ми треба и сина
небото да го минам

и вода да има за бродот
и за сводот.

Кајшто пасат два елена
за тревата ќе треба зелена

и плус поради речиси триста
на дрвото закачени листа.

Сега дај црвена за ќерпич нов
и за ќерамидата на кров

и заради едно таму лице
и за лубениците во двор.

Дај ми и боја бела
ми треба за пола пчела

и пак жолта со белата
дај навака, ела.

Дај ми и боја црна
да нацртам срна

да замачкам
залутана мачка

да обојам плочка
и да удрам точка.

Превод: П. В.

Stevan Raičković (1928 — 2007) беше српски поет и академик. Објавил повеќе од 20 стихозбирки, седум книги за деца, неколку книги со есеи. Познат е и како преведувач на руската поезија.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото