Дете

09.08.2017 16:08

Детето не е дете
за семејството да се збере,
туку детето е дете, ете,
за да се сака и разбере.

Нема да ми верувате
и големиот поет Гете
некогаш бил бебе
и мошне немирно дете.

Огромниот Крале Марко
што јадел цело теле лете
во почетокот смукал палец
и бил оволицко дете.

Хероите на космосот
што летаат по други планети
прво седеле на ношите
а после седнале во ракети.

Детето не е дете
за семејството да се збере,
туку детето е дете, ете,
за да се сака и разбере.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото