Носорози

10.08.2017 10:28
Носорози

Носорози, носести, рогати,

што не сте брзи ко гепарди, богати?

Носорози, дебели, опашести, сиви

како вие можете да бидете мили?

Носорози, кабасти, упадливи,

дали сте сосем несовладливи?

Носорози, гломазни, кљакати, акнести,

зошто бар малку не сте влакнести?

Носорози тронтави, тромави, рапави,

зашто сте толку страшно трапави?

Јаки, големи, рогати, носести носорози,

има ли некој што од вас не се грози?

Носорози, мрачни, проблематични,

поради нешто сепак сте ми симпатични.

Слика: James W Johnson
Превод: П. В.

Влада Стоиљковиќ (Vladimir Stojiljković, 1938-2002), еден од најзначајните југословенски поети за деца. Бил познат и како врвен автор на радио драми, детски и други, изведувани на речиси сите југословенски радио станици. Интересно е што работел и како мошне ценет илустратор и преведувач; ги превел култните романи „1984“ на Орвел, „Храбриот нов свет“ на Хаксли, „Леси се враќа дома“ од Најт, „Гуливеровите патувања“ од Свифт, „Иби повторно јава“ од Жари... Во седумдесеттите години активно учествувал и во сигналистичкото движење, зад кое стоело интернационалното списание СИГНАЛ.

ОкоБоли главаВицФото