Гари Каспаров: Вештачката интелигенција не е закана за човештвото

10.08.2017 11:46
Гари Каспаров: Вештачката интелигенција не е закана за човештвото

Некогашниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, смета дека луѓето треба да ги прифатат промените кои паметните машини ги донесуваат во општеството и не верува дека вештачката интелигенција би претставувала голема закана за човештвото.

Сепак, според Каспаров, ќе има големи промени во општеството кога машините ќе ги заменуваат „несигурните човечки раце“, а би било добро тие да се забрзаат.

Доаѓањето на интелигентните машини досега не доведе до крај на човечкиот род, зашто историјата покажува дека речиси секоја нова технологија или иновација е сила на „креативна деструкција“.

„Пред да ги создаде работните места, технологијата ги убива, отсекогаш било така“, вели Каспаров.

Тој смета дека дури сега почнуваме да добиваме вистинска вештачка интелигенција која самата донесува одлуки. Како пример го наведе компјутерот на Гугл AlphaGo, кој неодамна го победи светскиот шампион во играта Go.

За разлика од овој компјутер, Deep Blue на IBM, суперкомпјутерот кој го победи Каспаров во шах во 1996 и 1997, беше само многу брз компјутер кој користеше „сурова сила“ за да победи.

„Deep Blue беше интелигентен колку и будилник, иако тоа не го направи поразот нималку полесен“, вели славниот шахист.

Каспаров заклучува дека со развојот на технологијата на луѓето ќе им остане да го прават „она што може да го прават само луѓе, а тоа е да сонуваат, да сонуваат големи нешта за да ги искористат најдобро новите можности“.

Извор: BBC

ОкоБоли главаВицФото