Џафери мора да го прекрати бесконечното развлекување на расправата

11.08.2017 09:59
Џафери мора да го прекрати бесконечното развлекување на расправата

Како универзитетски професор и доктор од правни науки тврдам дека:

1. Разрешувањето на ЈО во период на распишани избори не е спротивно на законот.

2. Барањето на ДПМНЕ за автентично толкување на законот упатено до Комисијата за заштита од дискриминација е спротивно на законот.

3. Бесконечното развлекување на расправата со процедурални прашања е спротивна и на Деловникот и на Законот за Собрание и Талат Џафери мора да ја прекрати (врз основа на отсуство на суштинска дискусија и врз основа на очигледно попречување на работата на Собранието). Понатаму, врз основа на сличност (mutatis mutandi) треба да се применат правилата за донесување на буџетот и да се даде краен рок до кога мора да заврши дискусијата. Потоа се пристапува кон гласање.

4. Доколку пратениците на ДПМНЕ ја блокираат говорницата, претседателот на Собранието едноставно треба да прогласи ситуација кога е оневозможена натамошна суштинска дискусија и да повика на гласање. Кој гласа гласал, кој сака да си седи на говорница - негов проблем.

Злоупотребата на правото не смее да стане правило и таа не е знак на демократичност туку на неписменост.

Слика: Свирачиња

Извор: Фејсбук