Естетот-хагиограф

11.08.2017 10:20
Естетот-хагиограф

Не е знак за благослов ако си опседнат со животот на светците. Со оваа опсесија се меша вкусот на болеста и алчноста за разврат. Со светоста си преокупиран само ако си бил разочаран од земските парадокси; тогаш бараш други, со почудна содржина, натопени со непознати парфеми и вистини, се надеваш во безумието што не можеш да го најдеш во секојдневниот немир, во едно безумие со тежина на небески егзотизам; така се удираш од светците, од нивната смелост и од нивниот свет. Необична претстава! Си ветуваш дека ќе останеш на неа цел живот, дека ќе ја истражуваш со сластољубива посветеност, дека ќе се оттргнеш од другите искушенија, зашто, најпосле, го сретна вистинското и невиденото. Ете како естетот станува хагиограф, свртувајќи си го лицето кон еден учен аџилак... И тргнува, без да се посомнева дека прави само една прошетка и дека на овој свет сè разочарува, дури и светоста...

Извор: Précis de décomposition, Gallimard 1993

Скулптура на сликата: Janaina Mello Landini

ОкоБоли главаВицФото