Насмевката беше мојата единствена грешка

13.08.2017 14:44

Само му го
покажав патот.
Само му дадов кофа вода
што ја извадив од бунарот.
Само се насмевнав,
кога тој ми се заблагодари.

Не ми е грижа
ако сонцето се појави
над тврдината Пјон Јанг.
Насмевката беше мојата единствена грешка.

Превод: П. В.

Ким Донг Хван (1901-1950), корејски поет. Студирал културологија во Јапонија. Бил главен уредник на книжевното списание Самѓонли во кое соработувале некои од најпознатите корејски писатели од тоа време. Ја напишал првата корејска епска песна Ноќ на граница. Најмногу пишувал за татковината и традицијата. Меѓутоа, за време на окупацијата работел за Јапонците.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото