Кинески тапети

14.08.2017 04:17
Кинески тапети

Пуст остров со шеќерна глава на вулкан. Среде плитката вода рибар со јадица и трска. Над островот разгранет како јаболкница, пагода и мал мост, на кој се среќаваат заљубените под распупената месечина.

Кога би завршиле со ова, тоа би била убава епизода - историја на светот во неколку зборови. Но, тоа се повторува до бесконечност, со тапа, упорна прецизност - вулканот, заљубените, месечината.

Светот не може да се замисли подобро.

Превод: Иван Шопов

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото