1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:07
8 август 1980 – Дејвид Боуви со Ashes to Ashes го најавува албумот Scary Monsters (And Super Creeps). 8 август, 37 години подоцна, Поган Паган конечно ја снимаат обработката на Ashes која долго време ја свиреле на живите настапи но никогаш претходно не била снимена. Да, Поган Паган во 2017 се враќаат со EП-то „Ashes to Ashes” то кму во негова чест. На ова проширено издание, Срѓан Јаниќијевиќ и паганите поганат уште обработки, овојпат “Erotica” на Madonna, која купила некое „парче“ од модната креаторка Лидија Геогиева, а Поган Паган направиле своја верзија на “Erotica”, снимена на iPhone токму за нејзината ревија. “Ombra mai fu” („Никогаш немало сенка“), воведната арија од операта „Ксеркс“ на Георг Фридрих Хендл е следното поганење на музичко ремек дело, на ова EП сместена како снимка во живо. “Ashes to Ashes” EП-то го затвора „Златце“, инструментална верзија од панк операта „Купидона“ и воедно поканува да ги следите случувањата со Поган Паган, кој веќе во септември го подготвуваат своето албумско издание.
Извор: kritika.mk