Голиот министер и разголеното поетско сивило

14.08.2017 11:14
Голиот министер и разголеното поетско сивило

(...) Она што сепак остава простор за оптимизам е речиси истовремено објавената фотографија на разголениот министер за култура – Роберт Алаѓозовски. Наспроти целта на нејзиното објавување во опозициските медиуми и портали, а тоа е да се сатанизира министерот и да се оспори неговата компетентност, токму оваа фотографија е знак дека можеби доаѓа некое подобро време за таканаречената жива култура. Имено, фотографијата е извлечена од уметничкиот проект на Христина Ивановска „Body&Sex Space“, објавен во тематскиот број на списанието „Маргина“ во 2003 година. Бројот е 62, а темата е „Простори“.

Првиот бенефит на објавувањето на оваа фотографија е фактот дека и опозициските медиуми, чијшто културен и уметнички систем на вредности се сведува на лажниот барок од „Скопје 2014“ и фолклорното сфаќање на традицијата, се заинтересирале за едно мошне квалитетно, а за наши поими и авангардно списание, како што е „Маргина“. Втората работа е во тоа дека ако министерот имал храброст во оваа конзервативна средина пред некои 15-ина години да се слика гол за потребите на еден уметнички проект, тогаш тој сигурно знае каде се движи уметноста денес и кои се трендовите во современиот свет.

Токму во контекстот на фотографијата на разголениот министер го гледам и именувањето на Дарко Лешоски за претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, односно како обид да се разбранува овдешната зачмаена културна сцена, а првенствено како обид да се додаде малку боја на безбројните нијанси сиво што владеат со нашиот културен живот.

Се разбира дека е добро што се дигна олкава врева околу именувањето на Лешоски. Ќе беше лошо ако беше избрано некое име кое јавноста ќе го премолчеше. Тоа ќе значеше дека е избран уште еден конвенционален лик што ќе се колне во „традиционалните вредности“ на СВП и ќе го прави токму тоа – ќе ја продолжи традицијата на сивилото.

Монтажа: Свирачиња

Целиот текст е достапен на Prizma.mk

ОкоБоли главаВицФото