Некој кој ме знае

14.08.2017 16:38

Некој кој ме знае...
Да постои некој кој ме знае
како јас самиот себе,

ќе му дадев нешто скриено и најмило:
малите работи од моето срце
и радоста налик на роса по долга ноќ.

Ах, ми недостасува
некој кој ме знае така
како што самиот
се гледам в сон.

Од мирисот на врел жад
љубовта гори.
Од густиот чад
не се наѕира љубовта на моето срце.

Превод: П. В.

Ким Јонг Ранг (1903-1950), корејски поет. Вистинското име му е Ким Јун Шик. Завршил студии по англиски јазик во Јапонија. Првата стихозбирка ја објавил во 1935 година. Бил изразит лиричар. За големиот придонес кон развојот на корејската култура одликуван е со Златниот орден за култура.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото