Модел на Пикасо се жали дека не е претставен веродостојно

15.08.2017 11:50
Модел на Пикасо се жали дека не е претставен веродостојно

1912 година

Познатиот париски јувелир Жан Жак Жар тврди дека младиот шпански сликар Пабло Пикасо не го прикажал најверно на сликата која планира да ја закачи во својата гостинска соба.

„Додека му позирав, господинот Пикасо се вртеше околу мене и ме посматраше од сите можни агли, а дури во еден миг се качи и на скали. Бев убеден дека тоа е бидејќи сака да фати што повеќе детали, меѓутоа, кога ја погледнав готовата слика, само што не се онесвестив. Знам дека не сум особено убав, но не е можно да сум толку грд како на сликата“, се жали прилично разочараниот Жар.

Господинот Пикасо се согласува дека моделот не испаднал баш веродостојно, и дека поради тоа можел повеќе да работи на некои детали од лицето на Жар.

„Ми се чини дека не му го одвоив очите доволно, а дури и устата се препознава“, вели Пикасо. „Мислам дека господинот Жар на крајот треба да биде задоволен зашто одлучив да му ја нацртам главата како големо јајце, а не како коцка.“

Незадоволниот Жар му ја откажал нарачката на Пикасо и веќе нашол замена за него.

„Видов оглас дека некој Брак бара модели и едвај чекам да ме наслика како што доликува“, вели Жан Жак Жар.

Пикасо не е премногу вознемирен од откажувањето на својот модел и вели дека веќе три госпоѓици од Авињон му закажале сликање за лични документи.

Извор: Njuz, Prava istorija sveta, Laguna, Beograd, 2016.