Министерот испаѓа еден вид глинен гулаб кој добил пополнета листа на кадри

15.08.2017 19:36

Вмровците со голи фотографии не успеаа морално да го разголат министерот за култура. Но, ако се продолжи со ваквото неодговорно и непрофесионално именување на луѓе во културата, ќе се разголи нешто друго. Имено, јас одбивам да верувам дека човек со интелигенција и стручност како Алаѓозовски самиот би дошол до вакви катастрофални решенија, осудени и критикувани од докажани културни дејци. Што значи, дека министерот испаѓа еден вид глинен гулаб кој добил пополнета листа на кадри, и настрана во доменот на својот советнички кадар (а и за тој дел имам резерви), нема ама баш никаква автономија во одлуките на сопствениот ресор. Актуелниот премиер кажа дека немало да биде и министер и премиер, ама ете, фактите покажуваат сосема поинаква реалност.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 15.08.17.