Дамари на животот

16.08.2017 11:54

Ѕвоното ѕвони од зори.
Ѕвездата Деница е меѓу луѓето.
Кокошката кокодака и песот лае.
Луѓето доаѓаат и заминуваат.
Ми приоѓаат
и заминуваат од мене.

Небото е урнато од тага.
И додека небото одново се издига,
чувствувам болка во секој дамар.
Стојам на подлоканиот насип.
Нечујно движење на речниот бел цвет
ги поттикнува животните дамари.

Превод: П. В.

Ким Кванг Суп (1906-1977), корејски поет. Работел како професор на Кјонг Хе универзитетот. Бил мошне активен и на книжевното и на општествено-културното поле. Ги основал Здружението за култура и Здружението на писатели. Го покренал книжевното списание Слободна книжевност. Добитник е на голем број престижни награди.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото