Говеда заразени од човечко лудило!

18.08.2017 12:56
Говеда заразени од човечко лудило!

Милчо и Доналд

Милчо Манчевски зборува за бандите во Македонија како што Доналд Трамп зборува за бандите во Шарлотвил. Точно, има многу банди и тука и во Америка, убаво е ако еден режисер не е во ниту на една банда, ако го нема, да речеме , во бандата на кокошкарите од Гази баба.
Но, Милчо, ало Доналд, дајте да се сконцентрираме на расистите, нацистите, фашистите и другите кјуклуксклановштински и кјуклуксвмродпмнеовштински апокалиптични злотвори!

Дајте ми ја картичката на Елизабета!

Пуштете ја картичката на Елизабета меѓу народот, доста се скандализиравте од нејзинито поведение, дајте да видат луѓето како изгледа животот со 4.300 евра на ден, еве, јас се пријавувам да бидам првата жртва, мислам дека би можел да издржам една година со 4.300 евра дневно, повеќе не, добро, да не се зарекуваме, но една година би можел да трошам и по повеќе евра!

Ѕвезда врз главата на голата Елизабета

Една млада колешка ме прашува:
„Господине Тричковски, каде би ја ставиле ѕвездата шта на сликата на голиот Алаѓозовски ја гледаме врз неговиот кур, на сликата на голата Елизабета Канческа Милевска во времето кога беше министерка!?
„Врз главата, колешке, врз главата..."

Заштитен сведок

Марко, а, бе, појди си кај Катица, не е доцна да те направи заштитен сведок од нулта категорија, ова ти е фантастична прилика бесплатно да ја смениш дабарската фаца во некое пристојно лице, со ново име и нова адреса, со нови навики, доволно е да те направиме правдољубив- никој нема да те познае, што си запнал да се самоубиваш во собранискиот смрдеж!?

Сервис Марко

Сите јавни обвинители сервисираа одредени криминални деформации, намери или потези на власта, само Марко Зврлевски го сервисираше израснувањето на тие деформации, намери и потези во режим во кој нормалноста ќе биде криминализирана како антинародна и антидржавна деформација. Тој беше измислен, истрениран и поставен за да го сервисира киднапирањето, силувањето и убиството на Македонија со преголеми дози на криминал.

Вежби

Денеска, драги пратеници од парламентарното мнозинство, ќе го повторуваме градивото од третиот Чомски закон:
„Брзата помош и противпожарното возило имаат право да поминат на црвено ако спасуваат живот или ако возат за да спречат некоја катастрофа. Особено ако самиот семафор е инсталација на Злото!
Не се работи тука само за добра волја на возачите на спасоносните возила, туку и за обврска чие неизвршување може да ги стави директно во зоната и на кривичната одговорност".

Before and after

Хахаха, сега го видов голиот Алаѓозовски. Со ѕвезда. Не знам дали е звездата на сликата за да му го покрие ситниот пенис или за да ја изрекламира експлозијата од задоволства што ја прави големото куриште на идниот министер. Или е тоа просто, малограѓанска интервенција на уредникот на магазинот. Хахаха. Нема подобра препорака за функцијата министер. Да сум на негово место утре би го повторил тоа кадро и би ги објавил двете слики со упатство за гледање: befоre and after!
ВМРО-ДПМНЕ, да речеме!
Хахаха!

Алаѓозовски

Каде можам ја да набавам сликата на голиот Алаѓозоски, сакам да го обесам на ѕид или да го свиткам да ми биде абажур на столната ламба!

Сите би ги елиминирале или ликвидирале

Да живеевме во времето на Савонарола и Игнацио Лојола, тие би завршиле на клада, да живеевме во времето на Сталин, сите би скапале во некој гулаг, режимот на Тито би ги пратил на Голи оток при што би ги потопил сите бродови за враќање на копното, за време на Буш помладиот сите би завршиле во Гвантанамо, Елизабета Прва би им ги отсекла главите, во Калифатот на ИСИС исто така би останале без празнините над рамениците, Робеспјер и Сент Жист би играле фудбал со нивните тикви по улиците на Париз, во Осло би добиле по 40 години затвор, во Тексас би им шибнале смртоносни инјекции, Хитлер би ги стрелал, можеби Пешевски би добил ампула со цијанкалиум ако шефот на стрелачкиот вод оцени дека сланината на бандитот е нешто како штит пред куршумите, но другите би завршиле покрај некој ѕид или тараба.
Не постои општествена организација, од најпримитивен до најразвиен вид, од најрепресивен до најдемократски систем, која може да го истрпи злосторничкото присуство и политичката камуфлажа и тортура на чудовиштата од вмро-дпмне!

Говеда заразени од човечко лудило!

Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантира наводите на Слободен печат дека „постапувала селективно"!
Се пријавувам да им бидам сведок ако решат сатисфакција да бараат на суд!
Под полна морална и материјална одговорност ќе сведочам дека Комисијата никогаш нема решено да ослободи од своето внимание еден, друг или трет бандит од злосторничко здружување на вмро-дпмне и покрај планините од аргументи кои налагаа спротивни поведенија на ДКСК, туку, сосема неселективно мижеа пред сите од злосторничкиот потфат односно пред злосторничкото здружување како такво!
Строго неселективно!
Знаете ли дека има говеда што се заразени од човечко лудило!?

Сам сум, затоа постојам повеќе!

Што сè не ќе му текне на човек кој решил да избега од собранискиот терор на вмро-дпмне. Мене на ум ми дојде Гомбрович со императивот за полските писатели на кои гледал со сериозна доза на потценување:
„За хиерархијата меѓу нас не одлучува дарбата, разумот, моралните вредности, туку пред сè: посилното, постварното постоење. Сам сум. Затоа постојам повеќе!“

Не мора да си Кокто за да навиваш за пожар гасен од пироман!

Ако се случи пожарот да го згасне Груевски, а не тој пожарот, Македонија ќе ја добие битката! Не мора да си Кокто за да навиваш за пожар гасен од пироман!

Вморон - што е тоа!?

Вмронот е примитивен цицач, постои само во Македонија, се размножува инцестуозно, луѓето се негова омилена храна, но јаде сè: институции, контејнери, говна, други вмрони, дрва, дури и состојби и феномени какви што се мирот, стабилноста, модерноста, европскоста... Живее во толпа, а секое субјективизирање надвор од толпата е смртоносно за вмронот; во политичка смисла е под нивото на стаорците, а е над нивото што го демонстрираат сите други видови од неговиот еволутивен ранг.

Слики: Свирачиња
Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото