Кралицата Елизабета „каса прими“

18.08.2017 14:49
Кралицата Елизабета „каса прими“

По објавувањето на сметките од службената банкарска картичка на поранешната министерка Елизабета станува јасно дека таа живеела на државна сметка како кралица.

Британската кралица Елизабета (прва) е историски запаметена како „невината Елизабета“. Нашава „културна“ кралица Елизабета ќе остане запеметена како веома врло „виновната“ Елизабета „каса прими“.

За докажувањето на нејзината вина како „културна кралица“ нема потреба да се чека исходот од обвинителниот акт „Тендери“ покренат од страна на СЈО. Доволно е да се видат копиите од платените сметки за сместување во Хилтон (2,5 илјади долари од соба), Риц и другите луксузни хотели ширум светот.

Објавените астрономски сметки ја соголуваат „културната кралица“ и како личност која воопшто не трошела од службената картичка за културни производи, туку за висока мода и за салони за убавина.

Во кој свет живеела кралицата Елизабета „каса прими“ кога ја злоупотребувала службената картичка за лично уживање и задоволување на сопствените консумерски апетити? Во кој свет живеела кога трошела без граница во „Воденица“ и во други македонски и задгранични кафеани?

Не била ли свесна дека еден ден ќе мора да даде вистински отчет за потрошените пари, наместо пропагандните „отчети“ на нејзината партија?

Но, иако беше потребно, објавувањето на астрономските сметки за луксузирање ширум светот на кралицата Елизабета „каса-прими“ не е доволно.

Ако не се поведат постапки за злоупотреба на службената картичка и службената должност (за ненаменско луксузирање) и ако не се обештети народниот буџет за секој злоупотребен денар за лични цели, ништо не сме направиле.

Значи, не е доволна само новинарската истрага, потребна е и обвинителска истрага, обвинителен акт, фер судење, правична затворска казна и воведување строги критериуми за употреба на службени сметки, за вакво луксузирање никогаш да не се повтори!

Ако сакаме да градиме одговорна демократија, тие што живееле како кралеви и кралици на наша сметка, ќе мора да ги наградиме пак да живеат на наша сметка, но во Шутка и Идризово!

Извор: Слободна Македонија

ОкоБоли главаВицФото