1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Ваков расказ може да напишете само ако нешто сосема случајно ви се истркала под креветот. Обетка, молив, капаче, стуткано ливче со почеток на некој расказ. Тогаш ви се отвора нов поглед на светот. Светот на изгубените нешта: другата обетка, моливот што исчезна од книгата што никогаш не ја дочитавте, капачето од кремот против стареење, стутканото ливче со почетокот на расказот што никогаш не го напишавте. Обетките може повторно да се спојат во нивното кутиче. Моливот зазема ново место, на средината на некоја нова книга што се заканува да остане недочитана. Капачето го покрива кремот што не успева да ги покрие вашите бори. Од стутканото ливче ја тресете насобраната прашина, го отворате и конечно го довршувате оној расказ, иако сега е веќе сосема друг, непрепознатлив. Почнувате да се сомневате дека под креветот навистина живеат чудовишта.
Слика: Ditz