Совет

20.08.2017 23:26
Совет

Мал совет за Алаѓозовски: врз основа на разликите меѓу пописните листи и сметководствени биланси на Министерството за култура и деталниот преглед на плаќањата од службената картичка на Елизабета Канческа Милевска, треба веднаш да побарате од бившата министерка да ги врати во Министерството парите што ги потрошила преку службената картичка на Министерството за работи за кои е евидентно дека не се трошени во рамките на нејзините службени аранжмани, туку исклучиво за задоволување на нејзините приватни потреби. Заедно со предметите кои имаат или можат да имаат употреблива вредност за Министерството, а не се евидентирани во Министерството. И тие работи (Неспресо, на пример) веднаш мора да се достават во надлежната служба на Министерството на прием, евиденција и соодветно распоредување.

Со Елизабета може да се договори и претрес на нејзиниот стан за да се изврши квалитетно порамнување и да се утврди евентуално повисоко ниво на криминал, ако гаќите „Викторија сикрет“, фустаните „Макс Мара“ јакните „Монтклер“, обувките „Балдинини“ и сл. не се наоѓаат во нејзините гардеробери, туку се препродавани, подарувани итн.

Јас верувам дека може да се најде интерес кај Канческа за вакво вонсудско порамнување затоа што жената би избегнала тешки судски процеси или во рамките на тие процеси би добила сериозни олеснителни околности, а Министерството би добило соодветно обештетување по што би го разгледало прашањето за натамошното постапување, односно кривично гонење за службени злоупотреби, проневери и сл.

П.С.

Задолжително присуство на камери при влегувањето во обуварникот или во друг дел од гардероберот на оваа славна боркиња за идентитетот на македонскиот народ и неговите пари!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото