Техничка и статусна спогодба

27.07.2010 10:07
Техничка и статусна спогодба

Свесен сум дека е залудно, но сепак ќе одговорам на прашањето што владата и собранието треба да сторат?

Како прво, би требало прецизно да ги дефинираат интересите на државата Србија на Косово – политичките, економските, културните и сите други.

Второ, да ги утврдат начините – институциите и политиките – со кои можат да се остварат тие интереси. Тоа значи точно да се утврди кој ја презема одговорноста за што. Значи, која е одговорноста на Србија, која на автономните тела на Косово, а која на меѓународната заедница во сите нејзини облици.

Трето, да предложи спогодба меѓу Србија и Косово за утврдените цели, интереси и одговорности. Тоа би било еден вид уставни меѓусебни обврски за Србија и Косово, како и нивните обврски кон меѓународната заедница. Тоа истовремено би претставувало услов за заемното признавање.

Четврто, заедно со ЕУ да формулира стратегија на придружување, регионална соработка и економски и општествен развој.

Петто, да го институционализираат партнерството за да се обезбеди остварување на преземените обврски и да се обезбеди заемно разбирање и соработка.

Разговорите или преговорите би биле колку технички толку и статусни. Алтернатива за тоа е територијалното и етничко разграничување, кое по пресудата на Меѓународниот суд во Хаг е практично неизводливо, иако дури и кога би можело да се замисли, оди на штета, пред сè, на интересите и граѓаните на Србија. Тоа не е тешко да се утврди ако тие интереси прецизно се согледаат и ако се разгледаат изводливите начини за нивно остварување.

Дали ова последново би се видело, доволно е да се тргне од претпоставката дека интересите на Србија на Косово не можат да се остварат без соработка со косовските власти. Од тоа следи сè останато.

Притоа, посебно треба да се има предвид асиметричноста на интересите на заинтересираните страни. Србија има поголеми интереси на Косово отколку што Косово има во Србија, а со текот на времето разликата ќе се зголемува, и тоа ќе остави трага на она што конечно ќе може и да се постигне.

Извор: peščanik.net

Читајте други текстови од Глигоров на Окно:

Нема врска

Одговорност

Лага и измама

ОкоБоли главаВицФото