Дали арапските броеви ни го земаат идентитетот?

21.08.2017 12:07
Дали арапските броеви ни го земаат идентитетот?

CVII година

Здружението за зачувување на римските броеви предупреди дека, ако прифаќањето на новостите од арапскиот свет продолжи со ова темпо, римските броеви можат да исчезнат од употреба во наредните неколку векови.

„Се наоѓаме во момент кога римскиот сенат, но и целокупното Римско царство и Римјаните, би требало да стават прст на чело и да се запрашаат дали го губиме идентитетот. Би требало да се запрашаме дали нашите потомци ќе пишуваат со римски или арапски броеви и ќе заборават од каде потекнуваат“, вели Децим, претседател на Здружението за зачувување на римските броеви.

Според истражувањето на ова здружение, моментално односот на употреба на римските и арапските броеви е 65-35 во корист на римските броеви. За читателите кои не сакаат да се служат со арапски броеви, односот е LXV-XXXV.

„Овој податок не би требало да залажува никого, зашто дури 85 (LXXXV) отсто од испитаниците сметаат дека арапските броеви се поедноставни за употреба и полесно се читаат и пишуваат од римските“, вели Децим и додава дека тоа секако не би смеело да биде оправдување.

„Единствено за што има смисла да се користат арапските броеви е означувањето на позата 69, зашто LXIX делува нејасно“, додава Децим.

Извор: Njuz, Prava istorija sveta, Laguna, Beograd, 2016.
Слика: Munguia