Никаде

22.08.2017 09:09

Тоа е кајшто живее Не
Среќно за секогаш до денес.

Неговото небо нема ѕвезди.
Ни утро ни вечер,
Ни земја под нозете.

Среќен е зашто
Има само еден збор за нив,
А кутрото Да
Има место,

Има кујна и прозорец
Што одат заедно со местото,
И еден кромид
Што го тера да плаче.

Превод: Богомил Ѓузел

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото