Ова е дупката во пензискиот фонд

22.08.2017 10:44
Ова е дупката во пензискиот фонд

Ова е дупката во пензискиот фонд, односно средствата кои се префрлаат во фондот од централниот буџет. 463 милиони евра.

Со 463 милиони евра можат да се направат многу работи. Може да се средат здравството и образованието. Може да се гасифицира земјата. Може да се изгради хидро или соларна централа.

Дупката е зголемена трикратно од 2006 наваму. Главно заради тоа што претходната власт милуваше да ги зголемува пензиите, без да има економска оправданост за тоа.

Ако се продолжи со ваквата пракса, дупката само ќе се зголемува, со што ќе има сè помалку пари за оние работи кои навистина се важни.

Затоа пензиите треба да се зголемуваат постепено и кога ќе има услови за тоа. Ако е поинаку, само пензионери ќе останат во оваа држава.

Извор: Фејсбук профилот на авторот