Владата на Србија бара граѓаните да го заборават решавачкиот гол на Панчев во Бари

22.08.2017 14:39
Владата на Србија бара граѓаните да го заборават решавачкиот гол на Панчев во Бари

Белград, 22 август 2017

По големата дипломатска криза помеѓу Србија и Македонија, која доведе до повлекување на српскиот дипломатски персонал од оваа земја, Србија од своите граѓани бара моментално да заборават и на решавачкиот гол на Дарко Панчев за Црвена звезда во финалето во Бари 1991 година, соопштува Владата на Србија.

Како што дознаваат Пара вести, до крајот на годината ќе бидат повлечени и сите снимки од пенал-серијата помеѓу Црвена звезда и Олимпик од Марсеј, и ќе бидат вратени на Јутјуб дури откако од нив ќе се избрише последната серија пенали.

„Во иднина ќе се зборува дека Црвена звезда го совладала Олимпик по четвртата серија, со погодокот на Синиша Михајловиќ од белата точка“, вели нашиот извор од владата на Србија кој бараше да остане анонимен.

Според неговите зборови, идејата била одново да се сними и аудио коментарот на Милојко Пантиќ, кој би гласел: „Синиша Михајловиќ... Црвена звезда е европски шампион! Најголем успех на југословенскиот клупски фудбал! Синиша, Синиша, Синиша!“, но се откажале откако Милојко Пантиќ ја спуштил слушалката.

„Ќе видиме со Лазар Ристовски и Мики Манојловиќ, дали можеби некој од нив знае да го имитира гласот на Милојко Пантиќ“, додава нашиот соговорник.

Извор: Njuz