Што да направиме за да влеземе во 21-ви век?

22.08.2017 23:06
Што да направиме за да влеземе во 21-ви век?

Ако сакаме да зачекориме во 21-ви век треба:

1. Да ги отстраниме од плоштадите сите споменици поставни во последните 25 години, а кои се однесуваат на настани од историјата.

2. Да ги префарбаме сите мурални мозаици кои зборуваат за борба, етничко единство, револуции, големи нации базирани на етникум, а направени во последните 25 години.

3. Да ги отстраниме сите лавови, коњи, тигри, орли и останати бетонски или оловни скулптури расфрлани низ градовите.

4. Градинките и училиштата да немаат имиња туку броеви.

5. Улиците да немаат имиња туку броеви.

6. Секој слободен простор да се покрие со зеленило.

7. Музејот на ВМРО да се претвори во музеј на музиката, храната, пијачката, архитектурата и уметноста на овие простори.

8. Зградата на ДПМНЕ да им се даде на невладините организации кои работат на заштита на човековите права.

9. Да ја учиме историјата на фактите за да напредуваме, а не историјата на перцепциите и емоциите за одново и одново да ја возобновуваме омразата.

10. Да почнеме децата да ги учиме како да бидат индивидуи, а не припадници на банди, пардон, на касти, пардон, на групи.

... листата е отворена.

Извор: Фејсбук профилот на авторката