„Вучкалица“ и НАТО

23.08.2017 11:03
„Вучкалица“ и НАТО

Смрдливата белградска „Вучкалица“ упатува на потребата од одредени промени во стратегијата на новата влада во врска со зачленувањето на Македонија во НАТО.

Тој пристап, како што е познато, содржи три фази во два можни распореда: клима на доверба со Грција, решение на проблемот со името, прием во НАТО или клима на доверба со Грција, па прием во НАТО, па решение на проблемот со името.

Во балканската крчма во која се сервираат и „Вучкалици“ со вкус на расипани јајца, таа стратегија ја изложува земјата на многу повеќе ризици отколку што тоа може да се насети при следниот распоред на фазите: решение на проблемот со името, прием во НАТО, клима на доверба со Грција. Со максимално скусени рокови. Во тој распоред не што нема ризици туку има само брзи и огромни бенефити. Тоа значи дека Македонија мора во соработка со своите партнери од Европа, а пред сè со Соединетите држави, да даде на знаење дека е подготвена да прифати промена на името во официјалната меѓународна комуникација со истовремен прием на земјата во Северноатлантската алијанса и одредена финансиска поддршка за санирање на душевните болки на заљубениците во уставното име. Хахаха. И врз основа на тоа да даде пас целиот пакет да се затвори.

Мислам дека Грција ќе прифати да извлече од големата кристална чаша едно од трите ливчиња на кои Македонија ќе ги запише своите предлози за име со географска одредница, односно дека Грција ќе одбие да го прими бланко меморандумот на кој би им предложиле самите да упишат име со кое би ни се обраќале во НАТО и во Европската унија. Добро, и на Светското првенство во фудбал кога ќе се пласираме или кога ќе нè поканат!

Еве го Коцијас, доаѓа. Време е да го направиме тој пробив. Мала демистификација и на самиот проблем и на шемите на таканаречената висока политика, и сè ќе биде полесно!

Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото