Нови провокации од Србија: ќе го повлечеме српскиот турбо-фолк од Македонија

24.08.2017 03:49
Нови провокации од Србија: ќе го повлечеме српскиот турбо-фолк од Македонија

Белград/Скопје, 24 август 2017

По повлекувањето на српските дипломатски претставници, доаѓа нова провокација од владата на Република Србија – имено, српскиот претседател Александар Вучиќ се закани дека ако Македонија не го промени својот однос кон северниот сосед тој ќе нареди повлекување на сиот српски турбо-фолк од Македонија.

„Познавајќи го музичкиот вкус на Македонците и повеќе од сигурен сум дека тоа силно ќе ги погоди“, изјави Вучиќ за телевизијата РТСССС.

Неговите закани сериозно беа сфатени во Македонија. Посебна загриженост пројавија од опозициската партија МВРО-ДПМНЕ.

„Сакаме да го изразиме нашиот револт кон ваквата закана од страна на Србија. Македонија не може да преживее без српскиот турбо-фолк, а без оваа прекрасна музика голем број општонародни манифестации ќе ја изгубат својата смисла“, се вели во соопштението што беше испратено до сите медиуми во земјава.

Од Министерството за надворешни работи изјавуваат дека не треба да се подлегнува на провокациите и додаваат дека ја проверуваат веста што проструи низ македонските медиуми, па со дополнителна изјава ќе се огласат подоцна во теков на денот.

Заканата ја потврди и српскиот премиер Ивица Дачиќ кој, откако го повтори истото што го изјави Вучиќ, додаде дека без српски турбо-фолк Македонците ќе мораат да слушаат македонска поп музика, што е доволно измачување само по себе.