1006 hPa
56 %
20 °C
Скопје - Сре, 24.04.2024 12:59
Понекогаш шетајќи доцна ноќе
Запирам пред некоја затворена месарница.
Внатре има само една ламба
Како ламбата на која робијашот копа тунел.
На куката виси престилка:
Крвта врз неа размачкала мапа
На големи континенти од крв,
На големи реки и океани од крв.
Има ножеви што светкаат како олтари
Во мрачна црква
Кај што ги носат недугавите и улогавите
За да се излечат.
Има и дрвен трупец врз кој се кршат коските,
Чисто изгребан: —река осушена до своето корито
Од којашто се хранам,
Од којашто во ноќта ќе слушнам глас.
превод: Богомил Ѓузел