Сликите не се градови

24.08.2017 11:44
Сликите не се градови

Каква победа е што луѓево се колат за СВП и СК014, а до вчера немавме парламент. Заздравувањето е подобро од што мислев. И сите знаевме дека некои мудри опортунистички глави ќе се протнат низ решетото. И сите знаевме дека споро ќе оди. И сите знаевме дека ќе се разбудат заспаните.

АМА, да ти се допадне СК014 прави поголема штета од тоа да си учествувал во неговото правење. СК014 е кулминација на македонската фрустрација и шизофренија. Не се работи за вкус или естетика или архитектура туку за немање елементарна достоинственост на живеење во град. Да не зборуваме за тоа дека некои луѓе кои ги сметате за авторитети во некоја област мислат дека кошмарот на некој човек преточен во евтина парада од бетон и гипс е она што му недостасувало на градот.

Има луѓе меѓу нас на кои потајно им се допаѓа новиот лик на Скопје. И тоа е она тажно. Таа фрустрација на заробеност и срам што живеете во грд град, дури и пред СК014 - е тажна. Многу грди градови имаат произведено светски дела и го имаат покорено светот токму заради својата искреност и транформирање на фрустрацијата во копнеж за подобро. А замисли, некои паметни луѓе сакаат нивниот град, таков како што е, да личи на некоја убава слика од разгледница на некој друг град, притоа не сфаќајќи дека сликите не се градови.

И сега треба да бидам широкоград за да уживам во нивната уметност? Опортунизмот е сфатлив и за големи уметници и немам проблем со тоа, ама треба да си ги преиспитате критериумите за тоа што значи добро. Да прифатиш да работиш со ѓаволот значи дека имаш проблем со моралот, а не со квалитетот. Да ти биде фетиш да го гледаш како го силуваат градот е недостаток на квалитет и ништо повеќе од тоа. И не сте единствените кои кои мораат да изгубат респект за своите идоли и колеги.

Слика: Александар Дојранлиев

Слични содржини

Јавни Простори / Став / Култура
Општество / Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото