Царицата

25.08.2017 09:55

Љубена моја, ти што минуваш ноќи
измачувајќи ме
држејќи едноподруго огледала
пред мене во темнината,
ако денес има нешто што знам да го кажам
или сторам, не барам пофалба за тоа,
туку го должам на твоето префинето мачење,
и твојата упорност да ме држиш буден.

Како и да е, кој ти даде право
да ми судиш за мојата беда?
Која ли душа ја остави оваа листа злодела
што ми ги читаш секоја ноќ?
Твоето преправање кога те молам да запреш
ќе го натера некој да верува
дека порано си била метреса на кинескиот цар.

Најмногу ми се допаѓа кога не велиш ни збор.
Кога лежиме еден крај друг
како двајца љубовници што ја потрошиле страста.
Уште еднаш, денот зори.
Некое пиле го истура срцето низ песна во дрвјата
пред чудото на светлината што иде.
Едно ме боли.
Убавината на една непроспиена ноќ.

превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото