Локални избори 2017та - за моето Скопје!

25.08.2017 12:30
Локални избори 2017та - за моето Скопје!

Сите станбени згради и куќи кои се дела на познати наши и странски архитекти да се осветлат, да се напише името на архитектот - да се поврзат новите генерации со градот како и сите оние кои допрва го откриваат.

Да се стават под заштита сите куќи - атељеа на нашите познати уметници. Да се тагираат маркантните скулптури во дворовите (повеќето веќе украдени) кои и те како се битни во пејсажот на градот.

Да се вратат имињата на улиците.

Да се врати летното кино во парк. Летното кино во Дом на Градежници, филмската уметност отсекогаш била слабост на скопјани.

Во еден од најубавите дворови кои имено е во сопственост на Министерството за култура супер би било да се освежи неговата градина, да се постават скулптури, клупи, wi-fi пристап. Да уживаат младите, да им е блиска културата - да ја сакаат.

Бидете трпеливи со старите луѓе, помогнете им кога и да можете. И ова е дел од пејсажот на градот.

Пропуштајте ги пешаците на зебрите, ние сме единствени во светот каде пешаците во знак на благодарност ја наведнуваат главата. Со ова ги воспитуваме идните генерации да бидат хумани. И ова е дел од пејсажот на градот.

Децата што просат по семафорите, кафеаните - насекаде. Вашата милостина ве прави поддржувач на детската злоупотреба и експлоатација. Утре паќ ќе ги пратат и пак и пак. Се додека вие им давате пари. Нивното место е во училишните клупи и нема веќе компромис со тоа. И ова е дел од пејсажот на градот.

Треба да се постават насекаде канти за отпадоци во силна боја. Да ти боде очи, едноставно да не е можно да не фрлиш во неа. Да те засрами. (додека да се навикнеме)

На секој граѓанин кој користи велосипед како главно превозно средство барем 8 месеци во годината да му се дадат 3 дена како награда кон годишниот одмор. Тоа ќе биде мотивација за секого.

Поставете компресори за точак на неколку фрекфрентни места во градот. Тоа и те како ќе ни користи.

Најголем дел од средствата од Паркинзи да се насочат кон стратегија за електрична железница - Троли во Скопје!Колку ќе го личи, каков шарм ќе добие градот. И најважното од се - ќе дишеме почист воздух!!!

Да се воведе намален данок за хибрид автомобилите ( ако не е веќе воведен) како и попуст за паркинг простор.

Само кај нас тие што возат автомобил Тесла плаќаат паркинг. Во цел свет за Тесла автомобилите паркингот е бесплатен.

Секаде каде што има простор не да се гради туку да се сади. Што е поубаво од градска сенка?

Да се остранат сите диви таксисти, тие најмногу загадуваат а и најмногу го нагрдуваат градот.

Да се забрани свирење со автомобилска сирена за да се поздравиш, барем во центарот на градот.

Да се направат бесплатни тениски терени, терени за баскет кои ќе можат средношколците да ги користат.

Скопје 2014

Да се постават инфо табли со целиот криминал што е направен, исто така нека пишува и од кои материјали е направен, колку чини истиот. И тоа за секој еден објект посебно. Исто така и колку не чини секој еден ден за тој да е функционален.

Да се откажат сите треш концерти.

Доста со љубичиците има толку убави цвеќиња...

Толку за денес,
Вашата севселенска градоначалничка на Скопје

Слични содржини

Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото