Јовица Ивановски „Гркот“!

25.08.2017 13:12
Јовица Ивановски „Гркот“!

По не знам кој пут ми се потврдуе нешо шо оддамна го баам. Луѓето најдобро ги запознааш ако немаш нивен извод од матично. Ни слика. Ни професија. Па чак ни пол. Ова со полот, малце претеруем.

Вечерва. Промоција на незнамкојапоброј книга поезија, на Јовица Ивановски. Такозвани Џовани. Пријателите така го викаат. Ја никако не го викам, пошо само еднаш сме напраиле здрао-здрао. А вечерва па ич. Ќе се вии зашо, на крај.

Досега, неговата поезија ја знаев чат-пат. Уствари врска нема. Не ја знаев. Имав импресии (за поезијата) од негови блиски. Такви импресии не сакам, а ти се бутаат у мозак и стануваат твои. Това се помешани чувства на нешто што прочитале ама и дружба со него. Нерелеватно скроз.

Али, вечерва слушнав по некоја песма, а особито импресивна рецензија на Оливера Ќорвезироска, која па, ми се засвиѓа уше поише од Џовани...хахаха.

Видов дека он е уствари мој чоек. Не е до толку лош. Се зезам. Одличен е. Урбан. Сасвим нормален. Доза на лудило, ама доза. Такви песмите. Тамам. Баш со усул, а одлепено. Се чудиш како ти не си ги напишал.

Кој е уствари типов? Вака беше...

Основно, од прво до четврто. Кузман, тамо заодев у прво оделење. Кај подвожњак.Таму кај шо сега живее онаа стока со мајка му, у стодвајсепет стана. Имаше канал кајшто им е зградата. По него скакавме од една на друга страна, све до „пекарска чета“. Пекарска чета, или војна пекара, била на триаголникот (уште има цигли), пред подвожњак, коа идеш од центар.

Мој најбољи другар у това време беше Зоки. Скакање по то каналот ни беше уместо физичко. На голем одмор. На час по физичко, учителка Марија, покажуеше математика на кецароши.

Морам ово да кажам, по не знам кој пут, мала дигресија.

Зоки живееше у една од трите кули кај фискултурно. Сеа тоа се зградички. Беа едините кули со лифт шо ги знаев, ама за да влезеш у лифт требеше да имаш клуч кој не беше којзнае како комплициран. И шо праиме? На времето, отварач за конзерви беше една подугачка дршка. Онаа со „ушка“. Ножињата отпосле дојдоа. Сеа и нив ги нема. Ја стааме дршката на пруга (уште функционираше стара железничка), возот ќе ја сплеска, малку стручно виткање на „ушката“, и ете клуч за лифтот и целодневно возење, дур не попиеме некоја заушка. Некад и клоца.

Небитно, значи, откоа помина трето оделење, со Зоки сфативме дека многу ни се свиѓаат двете цури од прва клупа, прв ред. Него Жане, мене Соња.

Сеа? Нема танго, до нова година има многу да се чека, решаваме да си искажеме осечаи. Се договараме, после часови, позади школо.

Сите на место и Зоки почиња:

- Тебе Жане, кој ти се свиѓа?
- Оној шо седи у среден ред, на втора клупа, до Џанго.
(демек, Зоки, а овај оклештен, шо да раскажуем, едвај чека да го питам)
- Тебе Зоки, кој ти се свиѓа?
- Онаа шо седи у прв ред прва клупа, до Соња ( Жане)
(абе се погодија, подмочаа од радос)
Идемо даље….Жане пита:
- Тебе Џанго кој ти се свиѓа?
- Онаа шо седи у прва клупа, прв ред, до тебе.
(ето кажав, више не се потам и сеа чекам Соња да пропева)
- Тебе Соња кој ти се свиѓа?
- ЕДЕН ДЕЧКО ШО ГО ЗАПОЗНАВ ЛЕТОСКА У ГРЧКА.

Е ти еем, све ти еем, све ми сруши…и Зоки и Жане и Соња и лифтоите и скакање по канал и све у qрац. И стара железничка ја замрзев.

А „Гркот“? Онај поетот од погоре е уствари. Како да не бидеш амбивалентно расположен? Како?!

Слика: Brian Kershisnik

Слични содржини

Јавни простори / Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото