Размислувања за различни поучни и забавни теми

26.08.2017 01:58
Размислувања за различни поучни и забавни теми

Оној кој одејќи по улица го набљудува светот околу себе, највеселите лица ќе ги види во мртовечка кола.

* * *

Венера, убава и благородна дама, била божица на љубовта, а Јунона, една ужасна напаст, божица на бракот. И тие секогаш биле смртни непријателки.

* * *

Аполон, бог на медицината, наоколу сеел болести. Во суштина, овие две работи отсекогаш претставувале едно занимање, така е и денес.

* * *

Старците и кометите отсекогаш биле ценети поради иста причина: поради долгите бради и способноста да ги предвидат настаните.

* * *

Ако некој човек ме држи на дистанца, се тешам со фактот дека и тој мене ми е на дистанца.

* * *

Тоа е сосема точно, тврдам кога ќе прочитам нешто од автор со кој мислењето ми се совпаѓа. Кога мислењата ни се разидуваат, тврдам дека тој се лаже.

* * *

Малку публика би имал човекот кој би понудил да покаже, за три пени, дека може железото, загреано на оган, да го стави во буре барут, а тоа да не се запали.

* * *

Прашање: зарем не се црквите спални соби за живите исто како и за мртвите?

* * *

Љубомората, како и огнот, може да се угаси, но остава непријатен мирис.

* * *

Шеширот на слугата се вади пред сите, затоа Меркур, слугата на Јупитер, на својот има крила.

* * *

Визијата е вештина да се видат невидливите нешта.

* * *

Прашав еден сиромашен како живее, ми одговори: „Како сапун, се намалувам“.


* * *

Слоновите генерално секогаш се цртаат помали отколку што се во природата, за разлика од болвите.

* * *

Никој не прифаќа совети, а сите прифаќаат пари. Значи, парите се повредни од советите.

Извор: Andre Breton, Anthologie de l'humour noir
Превод: Иван Шопов
Слики: Игор Морски

Џонатан Свифт (1667-1745), англиско-ирски сатиричар, есеист, поет. Негово најпознато дело е романот „Гуливеровите патувања“. Енциклопедијата Британика го прогласува за најистакнат прозен сатиричар кој пишувал на англиски јазик, а помалку е познат по својата поезија. Оригинално ги објавувал своите дела под псевдоними, како Лемуел Гуливер, Исак Бикерстаф или анонимно.

ОкоБоли главаВицФото