За одредени особини на таканаречената поезија

26.08.2017 02:11
За одредени особини на таканаречената поезија

На пример

поезијата ја губи моќта
веднаш по полноќ
малку замор
ја менува
па невозможно е да ја препознаете
се претвора во грст зборови
лишени од живот
во нешто монструозно
како цвет од хартија
како љубов од месо

поезијата го губи видот
на полноќ
или точно напладне
по ручекот

нема поезија при раѓањето
и при умирањето

нема поезија во 22 часот
на 1 март 1961 година

нема поезија
во студен човек
и нема поезија
во страстен човек

во млакиот
во млакиот може да живее
да се развива

се цеди од пукнатините
од маните

Превод: Иван Шопов
Слика: Alejandro Giraldo

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото