Пусулче пикнато под врата

26.08.2017 16:01

Видов еден висок прозорец како ослепе
Удрен од доцното попладневно сонце.

Видов една крпа
Со многу темни отпечатоци од прсти
Како виси во кујната.

Видов една стара јаболкница,
Со шал од ветер врз рамениците,
Како лази по својот осамен пат
Кон пустите ридишта.

Видов еден несуреден кревет
И го сетив студенилото од чаршафите.

Видов една мува натопена во смола
Од ноќта што доаѓаше
Како ме гледа бидејќи не може да излезе.

Видов камења што беа дошле
Од некоја голема пурпурна далечина
Како се трупаат околу портата.

превод: Богомил Ѓузел

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото