Огледала во 4 часот наутро

28.08.2017 09:36

Мора да им се приближиш странично
во соби со пајажини од сенки,
да украдеш глетка од нивната празнотија
без да те фатат
во својот поглед за возврат.

Тајната е,
дури и празниот кревет им е товар,
изговор.
Повеќе се тоа што се
во друштво на празниот ѕид,
во друштво на времето и вечноста

кои, извинувајќи ти се,
не оставаат одраз
додека сами си се восхитуваат во огледалото,
а ти стоиш скрајум
и вадиш шамивче
за скришум да си го забришеш челото.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото