Денес бегалец - секогаш човек! Кој не го разбира тоа...

29.08.2017 09:46
Денес бегалец - секогаш човек! Кој не го разбира тоа...

Ова се реакциите кога ќе пробаш да ги браниш човековите права на една од најмаргинализираните групи – бегалците.

Овие луѓе живеат во времето на линчот, религискиот фанатизам и огромната непросветеност. Која е таа злоба и примитивизам со кои се исполнети? Ова се истите тие кои во име на Бога и Исуса Христа би потаманиле сè живо и диво.

Истите оние кои им плаќаат на дебелите попови да станат уште подебели.

Истите оние кои државата ја претворија во огромен ѓубралник.

Истите тие за кои Цеца е симбол на македонштината.

Истите тие кои мислат дека во нив тече крвта на Александар таткоубиецот македонски.

Истите тие кои умираат по болниците од нехигиена и незнаење.

Истите тие кои дишат најзагаден воздух во Европа.

Истите тие кои мислат дека купената диплома е највисоко достигнување на образованието.

Тоа се тие луѓе со кои треба да се изгради Македонија на 21 век.

Тоа се истите тие кои не разбираат дека тетките кои собираат потписи против бегалците со тоа велат: не требало да бидат прифатени бегалците од Егејска Македонија, не треба да биде прифатен ниту еден емигрант од Македонија во друга држава, не треба да им се помогне на луѓето во невоља, не ни е гајле што им се случува на другите луѓе - важни сме само ние, не треба да пружиш рака на оној кој изгубил се и бара помош.

ТИЕ ГО ВЕЛАТ ТОА. ЈАСНО И ГЛАСНО. АМА ОВИЕ СЕ ДОВОЛНО ГЛУПИ ДА НЕ МОЖАТ ТОА ДА ГО РАЗБЕРАТ.

Како да градиш демократска држава со вакви луѓе?

Почнувам да се прашувам дали сепак не сме на ниво на потреба од просветена диктатура. Со толку глупи луѓе кои не разбираат елементарна апстракција нема шанси да изградиш ни Д од демократија.

Извор: Фејсбук профилот на авторката