И новата влада го крие договорот за рудникот за злато во Иловица

30.08.2017 13:11
И новата влада го крие договорот за рудникот за злато во Иловица

Министерството за економија одби да ѝ го достави на НОВАТВ договорот за концесија и експлоатација на бакар и злато со Еуромакс Ресоурсес Лимитед, канадската компанија која што доби договор со претходната влада да вади злато во местото Иловица, струмичко. Во неговото нејасно образложение, министерот Крешник Бектеши вели дека „предметот е во постапка на усогласување при што доставувањето на содржината би предизвикало погрешно разбирање на содржината“. Дополнително, во одговорот на нашето барање испратено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, министерот се повикува на член 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен каратктер, а тоа дополнителни ни отежнува да разбереме зошто министерот се повикува на очигледно случајно одбрани членови од Законот за да го оправда криењето на оваа информација. Еве што вели член 5 од Законот:

Член 5

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер еднаш годишно (во средствата за јавно информирање, билтен, интернет страница) објавува листа на иматели на информации од јавен карактер и на одговорното лице на имателот на информации.

Иловица, како и планот за ископ на руда од страна на Сардич МЦ, предизвикаа многу контроверзи уште кога минатата влада ги склучи договорите. Граѓанските еколошки иницијативи се спротивставија на најавите да се копа руда и да се користат тешки отрови како цијанид и солна киселина при обработката на рудните продукти и тоа во регионот којшто практично ја храни Македонија, а граѓаните живеат од земјоделство со тенденции да го зголемат органското производство и да инвестираат во рурален туризам. Граѓаните на Дојран, Гевгелија и Богданци веќе се изјаснија на локални референдуми против рудници на нивната територија и уште еднаш ги демонстрираа нивните заложби за живот и економски перспективи согласно традицијата на земјоделието, органската храна и чистата енергија.

Инвеститорите, пак, тврдат дека ќе употребувале нови технологии кои немале да загадуваат. Во последно време тие добиваат поддршка и од ресорните министерства, како министерот за економија, но и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

(На овој линк прочитајте го и истражувањето на Владо Апостолов од „Призма“ за рудникот во Иловица.)

Извор: НоваТВ

ОкоБоли главаВицФото